Филип Филипоски – Филс, треп/R&B артист од Скопје, член, а и еден од тројцата основачи на “Vibe Lab” продукцијата. Песната е направена во соработка со продуцентот Матеј Ваневски – Вански кој е член и основач на истата продукција. Третиот основач е Кирил Чиплакоски – Чипо кој моментално го спрема следниот проект кој ќе биде објавен на “Vibe Lab” каналот. Спотот е снимен во Скопје, во соработка со Емануел Трпчевски (RED Central Productions) кој го сними и монтираше спотот. Спотот е режисиран од Вански. Моделот во спотот е Марија Веселиновска.
Главен фокус на “Vibe Lab” како продукција е да воведе нов стил на музика во Македонија, како и достигнување на нови граници низ цела Европа, па и низ цел свет. Интересен факт е дека спотот е снимен во еден ден, па таков предизвик бараше огромна професионалност од сите кои беа дел од истиот. Поконкретно за артистот, во иднина плановите се да вади повеќе песни во соработка со Чипо, а нивните проекти тековно се спремаат.
