Според српските медиуми, 85-годишниот српски пејач Предраг Живковиќ – Тозовац за неколку дена ќе ја напушти болницата откако се изборил со коронавирусот. Имено Тозовац избегнал тешки последици, бидејќи кинеската вакцина ја примил непосредно пред да се зарази.
„Предраг се чувствува одлично и денешните прогнози се дека ќе биде пуштен од болница за два до три дена. Тој беше примен со пневмонија и претпазливо беше само на кислород. Непосредно пред да се зарази, тој ја прими втората доза на кинеска вакцина, поради што немаше некои тешки симптоми. Благодарение на вакцината, тој избегна респиратор и на 85-годишна возраст успеа да го победи вирусот, што многумина не успеваат“, изјави близок пријател на Тозовац за српски Telegraf.
