Француското електро-дуо „Жустис“ поведе правни дејствија околу насловната страница на новиот албум на Џастин Бибер, насловен „Justice”. Имено, според ова дуо, постои огромна сличност меѓу логото на бендот и она што се појави, како на корицата, така и на придружната содржина на албумот.
„Тоа утро кога Бибер го објави својот албум, вестите и сличноста тешко дека ги пропуштивте. Од тоа што го видовме на интернет, стотици обожаватели забележаа дека сличност има и многумина се прашуваа, дали можеби станува збор за соработка?”, изјави Тајлер Голдберг, менаџерот на француското дуо.
Електро-дуото „Жустис“ има свое стилизирано лого со крст вметнат во зборот „Правда“, заштитено во Франција и ЕУ, а секоја неовластена употреба е незаконска. Дополнителен проблем е што тимот на канадскиот пејач се свесни за постоењето на овој француски бенд и нивното лого. Имено тие побарале да стапат во контакт со авторот за да го искористат за својот албум.
