Балканленд

Данијела Мартиновиќ не крие дека е заљубена, прочитајте како се запознале со Петар Грашо

Познатата балканска поп пејачка Данијела Мартиновиќ не ги крие своите емоции и со необична порака му го честиташе роденденот на својот сакан, пејачот кој нема кој не го знае на Балканот, Петар Грашо.

Тие се двајца успешни музичари, и двајцата потекнуваат од Сплит и се целосно нетипичен пар кој е лудо заљубен цели 24 години. Сепак, за голем дел од јавноста многу работи поврзани со нив се непознати, затоа што тие не се појавуваат често во јавноста, не се официјално во брак и немаат дечиња. И покрај ова, ти се многу среќен пар.

Неодамна, нејзиниот сакан, Петар Грашо го прослави својот 45-ти роденден, а таа пак, му испрати необична порака на социјалните мрежи.

“Нека биде најсино за тебе… нека биде море за тебе. Среќен роденден”, накратко му напиша Мартиновиќ на својот сакан. Инаку, таа со него се запозна во 1995-та година во Дора, во Опатија. Две години подоцна тие ја започнаа својата голема и емотивна љубовна врска.

“Во 1995-та година бев автор на песната “Божица”, на фестивалот “Дора” отпеана од оливер Драгојевиќ. Бевме втори затоа што, се разбира, на секоја фестивал каде што Тончи Хуљиќ се појавува, тој секогаш е прв. Тогаш беше мојата прва средба со Данијела. Гледав во нивната маса, тогаш воопшто не ја ни познавав. Зденко Руњиќ, Олиевер и јас седевме и разговаравме: “Погледнете ја оваа мала русокоса како пее “кики рики мики мој”. На крајот таа мала е моја девојка веќе 22 години”, откри во едно интервју познатиот балкански поп пејач Петар Грашо.

Данијела Мартиновиќ пред да се запознае со Грашо, била тајно омажена за Марко Перковиќ и живеела со него три години. Но, после три години тие се развеле. Нејзиниот поранеше сопруг сега веќе е оженет со друга девојка и заедно со неа има пет деца, а Данијела е во Петар Грашо.

Петар Грашо за љубовта со Мартиновиќ на својот Инстаграм профил неодамна напиша:

“Медиумите не разделуваа, не спојуваа, не стапуваа во брак, јас неколку пати бев починат, потоа ме направија геј… тоа е се она низ што поминуваат сите познати и јавни личности за време на нивната кариера. Тоа е еден ранец што го добивате над просекот. Повеќето од моите настапи се јавни, 90% од мојот живот е споделен со јавноста и тие 10 проценти што ми остануваат сакам да бидат само за мене. Не сакам да ја сликам мојата спална соба, немам плочки на стомакот, не одам во тератана по четири часа на ден и живеам обичен живот како и секој просечен маж”, напиша Петар Грашо на Инстаграм.

Можеби ќе ве интересира: