Фестивалот односно првиот дел – Натпреварот започнува во 10 часот каде ќе се натпреваруваат натпреварувачи на возраст од 8-16 години. По завршување на овој дел ќе се прогласат победниците, ќе се доделат дипломите, медалите и пехарите и некаде околу 13.30 би требало да започне вториот дел од натпреварот каде ќе се натпреваруваат сениорите односно натпреварувачи од 16-25 години. Натпреварот ќе заврши во 17 часот кога е закажано доделувањето на наградите за сениори и веднаш потоа ќе следува дефиле на сите учесници.
Во 19 часот ќе започне вториот дел од фестивалот – гала концертот насловен “Танцот ги зборува сите јазици”на кој ќе земат учество првонаградените танчери од првиот дел на фестивалот со најголем број на освоени броеви и членовите на балетското студио “Ребис”. Доколку сте заинтересирани и сакате убаво да поминете дел од Вашиот викенд, еве добар продлог како можете тоа да го направите во друштво или сами знајќи дека влезот е слободен.
Подготви: Редакција Музика24
