Сите знаеме дека познатиот поп пејач Александар Белов извесен период беше дел од големото танцово шоу на Македонската телевизија “Танц со ѕвездите”. Тој заедно со неговата партнерка Марина Овезовска со месеци се подготвуваа, се натпреваруваа и на крајот го освоија третото место, но овој пат нема да пишуваме за тоа, туку за она што Белов ги изненади сите на финалната вечер на ова шоу.
Тој освен што се натпреваруваше, на финалето сите позитивно не изненади со претставувањето на новата песна “Кажи дека не ми припаѓаш”. Музиката за оваа песна ја подготви познатата хрватска пејачка Антонија Шола, додека за текстот се погрижи Огнен Неделковски, а аранжманите се дело на Дарко Тасев.
Во продолжение погледнето го претставувањето на оваа песна.
https://www.youtube.com/watch?v=L3c1dGOShsw
Подготви: Редакција Музика24
