Одкога се појави на домашната фолк естрада веднаш беше јасно дека е поинаква од се кое до тогаш се има појавено. Веќе 17 години е на врвот и никој ни приближно да ја стигне и да сработи нешто како нејзе. Храбра кога се во прашање песните, стајлингот Елена Велевска за кусо време го зазема тронот на фолк естрадата. Вложувањата во одлични видео записи, соработка со еминентни режисери како Дејан Миличевиќ,Чедо Поповски, Александар Ристовски –Принц и го загарантираа успехот.
Настапот на “Роса фест”, песна дотогаш не својствена за фолкот, во која гостува рапер и моќниот настап со посебна сценографија кој се памти до ден денес е нешто кое досега се нема повторено. Во денешно време тоа е често, но во тоа време фолк пејачка и рапер во комбинација се немаше сличено. Останатите нејзини колешки и по некој колега вложуваат пари во видео изданија кој наликуваат на оние од соседна Бугарија, но никој досега не успеа да направи сценски настап сличен на песната “Луда и перверзен”.
Како што тргнале работите уште долго време ќе си чекаме на ваков настап. Многумина од младите кои се срамеа да кажат дека слушаат фолк музика, го променија нивното мислење и со гордост кажуваат дека од кога се појави Велевска почнале да слушаат фолк музика, бидејќи таа направи нешто по различно, професионално од останатите.
Подготви: Редакција Музика24
