На петти јули во Битола, ќе се одржи петиот по ред “Bus Fest” или “Bitola United Summer Fest”. “BUS Fest” e единствениот традиционален хип хоп фестивал во Битола, а оваа година добива и интернационален карактер. Покрај групите од Македонија меѓу кои можеме да ги споменеме: Стиховно Војување, Поетика, Тракер, Арди, S.N.S и др. вечерта ќе ја затворат гостите од Србија, легендите на балканската рап сцена ненадминливите CYA.
CYA се една од највлијателните групи на Балканот и пошироко. Со четири албуми зад себе и повеќе од 20 години кариера CYA оставија траен белег врз музичката сцена. Хитовите “Kad se vozimo”, “Bolje vreme”, “Socijala”, “Decko usponu”… се безвременски хитови на повеќе генерации. Оваа година, “BUS Fest” се одржува во летниот клуб “Лектира Кабаре” со почеток од 21.00 часот, а влезот е симболичен и изнесува само 50 денари, билетите за овој хип хоп настан се веќе пуштени во продажба и истите можете да ги најдете на Широк Сокак и во Клуб “Лектира”.
Бидете дел од првото гостување на CYA во Македонија, а воедно и отворањето на летниот клуб “Лектира” во Битола. Воедно “BUS Fest” е дел од Битолското културно лето поддржано од општина Битола и градоначалникот М-р Владимир Талески.
Подготви: Катерина Митровска
