Во прв ред

Викеднов ќе се одржи 39-от Фестивал на народни инструменти и песни “Пеце Атанасовски”

На 5, 6, и 7 јули во Прилеп под покровителство на Министерството за култура и со поддршка на локлните самоуправи на општините Прилеп и Долнени ќе се одржи 39-от Меѓународен фестивал на народни инструменти и песни “Пеце Атанасовски”. И годинава, Фестивалот на народни инструменти и песни “Пеце Атанасовски” ќе се одржи во Прилеп, на летната сцена во центарот на градот одлучил Управниот одбор.

Од 700-те пријавени негувачи на изворни инструменти и песни, селекционата комисија одбрала околу 300 учесници кои ќе настапат во натпреварувачкиот дел како: солисти, дуети и оркестри на изворни инструменти и солисти, и пејачки групи. Потврдено е и учеството на гајдаџија и етномузиколог од Унгарија. Свечено отворање на Фестивалот и првиот натпреварувачки дел е во петок во 20 часот. В сабота ќе се одржи трибина на тема: “Форми и содржини на презентирање на изворен фолклор” и настап на дел од учесниците пред Спомен куќата во Долнени, а вечерта на летната сцена во Прилеп е вториот натпреварувачки дел.

В недела ќе бидат прогласени победниците. Локалната самоуправа од нашиот град и годинава е поддржувач на манифестацијата. Управниот одбор на фестивалот добил ветување од Градоначалникот на општина Долнени дека ќе вложи максимални напори веднаш да почне адаптација на просторот, согласно условите и финансиски можности за реализација на проектот, Рудина во иднина да биде афтентичното местото за одржување на фестивалот.

Подготви: Редакција Музика24

Можеби ќе ве интересира: