Балканленд

ДРАМА: Славица Чуктераш упадна во станот на комшијата кој ја тепаше жена си (Видео)

Фолк пејачката Славица Чуктераш доживеа непријатна ситуација. Имено таа слушнала како маж физички малтретира жена во станот, и успеала да сними дел од тој немил настан. Имено, таа сподели 3 видеа на својот Инстаграм профил каде што покажа, но и опиша на што присуствуваше

„Стан до мојот. Дечкото ја тепа жената. Си легнав. Таа го заспа детето и настана хаос. Му се јавувам на соседот да прашам од каде доаѓа вревата, тој вели дека не знае и ми вели да го чекам затоа што ќе дојде сега“, напиша Славица на социјалните мрежи. На снимките објавени од Славица, можно е да се види како таа ѕвони на врата со непозната машка личност, и како насилникот им ја отвора вратата.

„Секако немаше да отвори, се додека не реков дека е полиција“, додава пејачката. Нема информации за исходот на настанот на кој сведочеше Чуктераш.

Подготви: Редакција Музика24

Можеби ќе ве интересира: