Балканленд

ВИРАЛНО- КАКО ДА ЗАРАБОТИШ ОД YOUTUBE?

Откако ќе отворите YouTube канал не е доволно само да објавувате видеа и собирате прегледи, туку мора да следите одредени правила, а тоа се: ⁣⁣⁣
-Авторските права, видеата мора да бидат оригинални и автентични, а не да објавувате веќе постоечки видеа⁣⁣
-Terms of Service кои ги има на @youtube сајтот⁣⁣
⁣⁣
Најпрво треба да го монетизирате каналот, што значи дека дозволувате да се поставуваат реклами на вашите видеа. Со истиот gmail со кој сте го креирале каналот направете и AdSense профил и поврзете го YouTube за да можете да поставите реклами на вашите видеа. Потоа ќе заработувате пари од реклами, а бројот на прегледи ќе влијае на заработката.⁣⁣
⁣⁣
Можност за заработување имаат каналите со над 4000 часа прегледи во претходните 12 месеци и над 1000 subscribers.⁣⁣
⁣⁣
Колку чини еден преглед на рекламата зависи од неколку фактори: ⁣⁣⁣Локацијата од која доаѓа прегледот. На пример YouTube нема да ви даде иста сума на пари за преглед што дојде од Македонија или САД, странските прегледи повеќе вредат.⁣⁣

Должината на видеото. Доколку видеото е подолго од 10 минути може да има повеќе реклами во него, а со тоа и поголема заработка по преглед.⁣⁣

Колку е корисно видеото, значајно влијае на цената на вашиот преглед затоа што YouTube ја цени содржината што има вредност, во смисла да е едукативна и да постојано добива коментари и прегледи, дури и по неколку години. На пример туторијал или how to видео ќе има повеќе заработка од видео со актуелна тема што набрзо ќе се заборави. ⁣⁣

Публиката значително влијае на цената, па видео за деца кое има огромен број прегледи ќе заработи помалку од туторијалот наменет за возрасни, затоа што возрасните имаат куповна моќ и рекламата ќе биде релевантна за нив. ⁣⁣
⁣⁣
Заработката на 1000 прегледи може да варира од 0,1 до 4 € во зависност од горенаведените фактори.⁣⁣
⁣⁣
Во светот како и на Балканот постојат многу јутубери кои солидно заработуваат од YouTube и тоа им е примарна работа.

Доколку имате проблем со промоцијата на бизнисот на Instagram, не ви е среден профилот, не знаете како да дојдете до вашата целна група или генерално не знаете како фукционира Instagram за бизнис цели, E-Book е буквално водич со чија примена ќе добиете резултати. Сè што ве интересира ќе го најдете на едно место, а доколку имате некои прашања може слободно да ги поставите.⁣
⁣

Може да го нарачате во DM или преку e-mail [email protected]⁣
До истиот имате пристап само преку вашиот e-mail засекогаш, а во иднина кога ќе се унапредува/ажурира секогаш ќе ја добиете најновата верзија. 

Автор Дигитален Свет

Можеби ќе ве интересира: