Фестивали

„Детска Евровизија“ оваа година ќе се одржи во Париз

Европската радиодифузна унија (ЕБУ) објави дека „Детска Евровизија“ оваа година ќе се одржи во Париз.

Натпреварот ќе се одржи на 19-ти декември во салата „La Seine Musicale“. Салата за прв пат беше отворена во 2017 година, а слоганот на овогодинешниот натпревар ќе биде „Замисли“. Извршен продуцент ќе биде Александра Ред-Амиел, со Мартин Остердал како извршен супервизор.

До овој момент осум земји го потврдија своето учество: Германија, Франција, Грузија, Ирска, Холандија, Полска, Русија, Шпанија и Португалија. Од друга страна пак 8 земји веќе го откажале учеството: Бугарија, Чешка, Финска, Исланд, Норвешка, Шкотска, Шведска и Швајцарија.

Франција минатата година победи на „Детската Евровизија“ со песната „J’imagine“.

Можеби ќе ве интересира: