Познатиот фолк пејач Марјан Коцев неодамна се вакцинираше против Ковид-19. Во телефонски разговор за „Фокус“, тој вели дека се надева дека и останатите од музичката бранша ќе го следат неговиот пример и ќе се имунизираат, со цел побргу да им се врати животот во нормала.
„Јасно ми е дека има голем број на луѓе кои гледаат со сомнеж на вакцината, но мора да сфатиме дека тоа е наука, а не игра, и нема потреба да се гледа со скептизам на процесот на вакцинација. Не ми беше важно која вакцина ќе ја примам, и верувам на науката. Се вакцинирав веднаш по мојот 46-ти роденден, немам никакви симптоми, функционирам во најдобар ред. Сакам да ги поттикнам и останатите од естрада да не чекаат, што побргу се вакцинираме, толку побргу ќе се вратиме на стариот живот“, изјави Коцев за „Фокус“.
Пејачот уште на самиот почеток го сфатил вирусот сериозно и се придржувал до мерките за заштита. Во времето кога на сила беа долгите полициски часови и карантини, тој вели дека времето го минувал со семејството, но немал желба да твори, за разлика од негови колеги кои го искористија карантинот за создавање на нови музички дела.
