Музика на кирилица

Актерите од македонските народни приказни во новиот спот на „SAP Brothers“ (Видео)

Браќата Сапламаеви познати и како SAP Brothers вчера ја промовираа својата најнова песна „Шизни си“, пропратена со интересен спот. Тие неодамна го извадија своето прво видео со песната „Љубов си ти“ каде што на многу позитивен и хумористичен начин успеаја да ги расположат сите кои што ја слушаа песната и го гледаа видеото. Во истиот дух „SAP Brothers“ пренесуваат уште една животна приказна со најновата песна насловена како „Шизни си“.

Не секому му е лесно да го опише својот живот во 2 до 3 минути. Истото е и со „SAP Brothers“, Бранко и Влатко. Според Бранко оваа е песна за сите браќа, помали и поголеми. Таа е кратка и јасна и само повикува на насмевка и малку шизнување. Влатко најубаво знае дека после тоа сѐ е полесно. Во самиот спот учествуваат Влатко и Бранко Сапламаеви, Кирил Андоновски, Лазар Бараков, Оливер Настовски – Батка.

Можеби ќе ве интересира: