World Music

Познатата реге пејачка Лорен Хил ќе одлежи тримесечна затворска казна

Светски познатата реге пејачка Лорен Хил започна со служење на тримесечната затворска казна, а сето тоа поради неплаќање на данок. Судот иако станува збор за позната личност, ја донел оваа одлука откако дознал дека пејачката избегнала плаќање на данок од речиси 1 милион долари.

Најпрво младата Хил требаше својата казна да ја одслужи во затвор со минимално обезбедување, но судот имајќи ги во предвид досегашните нејзини хуманитарни активности и секако фактот дека таа е светски позната пејачка, нејзината тримесечна казна таа ќе мора да ја помине во домашен притвор. По завршувањето на казната, пејачката ќе биде на “условно” во времетраење на една година.

Подготви: Александра Блажевска

Можеби ќе ве интересира: