Во организација на Дирекцијата за култура и уметност – Скопје, а во рамки на фестивалот “Скопско лето”, утревечер со почеток во 21 часот на Зелениот покрив на ГТЦ ќе се одржи Концерт на Хорот на Македонската Опера и Балет.
Диригенти/хор – мајстори ќе бидат Јасмина Ѓорѓеска и Ѓурѓица Дашиќ, додека пијано придружба: Јанинка Невчева. Режисер на концертот е Трајко Јордановски. Во соработка со Македонската Опера и Балет, концертот ќе се одржи согласно протоколите за одржување на настани.
Влезот за овој концерт е слободен.
