„Балканска синтеза“ е насловот на концертот кој ќе се одржи утре 5-ти јули понеделник, со почеток од 19 часот, во Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп.
На концертот ќе настапат Јасмина Трајческа и Ловорка Немеш-Дулар, двете на пијано. На програмата се дела од Јанез Матичиќ, Томислав Зографски и Билјана Бојовиќ.
Со концертот се одбележуваат 20 години заемна концертна активност на двете пијанистки и 30 години независност на државата.
