Балканленд

Музичка соработка помеѓу „Охрид фест“ и „Фестивал на Далматинска шансона“

„Фестивал Далматинске шансоне“ што традиционално се одржува во Шибеник, родниот град на најголемиот хрватски шансониер – Арсен Дедиќ, и нашиот „Охрид фест“, препознаени по автентичниот звук, започнуваат соработка.

Како што не информира Горан Шарац, директорот на Интернационалната вечер на „Охрид фест“, што ќе се случува на Долни Сарај на 11-ти септември, меѓу учесниците ќе биде и еден од наградените пејачи од шибенскиот фестивал. Тоа значи дека победникот од нашиот фестивал ќе има можност да настапи на сцената на фестивалот на Далматински шансони, што наскоро ќе го има 23-то издание.

Патем, можете ли да претпоставите што се случува кога ќе се спои морето и езерото… најубавите ноти и стихови што за база ја имаат лириката на водата. Токму тоа ќе се случува на релацијата Охрид – Шибеник.

Можеби ќе ве интересира: