Еден од најреномираните македонски етно-бендови „Љубојна“, големиот јубилеј 20 години на сцената ќе го прослави онака како што најдобро знае – со концерт. „Љубојна“ и пријателите на 20-ти јули ќе одржи концерт на Ракометното игралиште во Битола со почеток во 21 часот.
„20-ти јули, 21 часот на Ракометно игралиште во Битола, Ве чекаме на голем концерт за 20-от роденден на „Љубојна“. Наштимајте гласови и насмевки. Набавете билети навреме и дојдете заедно да запееме. Love you !“ – порача Вера во видео пораката до публиката.
„Љубојна“ најавува дека на сцената вечерта ќе има многу интересни музичари. Еден од нив е нашиот познат музичар, композитор и продуцент, Давор Јордановски кој доаѓа од Канада, со кој „Љубојна“ соработува подолго време и веќе имаат заедничка песна која публиката ќе има можност премиерно да ја чуе. Она што постојано и дава топла и разиграна боја на музиката сите овие години е секако виртуозот на кларинет Благојче Трајковски, кој и самиот е дете на старата кларинетска музичка традиција, но со нов израз, кој вечерта ќе биде дел од „Љубојна“.
Билетите за престојниот концерт се во продажба од 7-ми јули, преку продажната мрежа на www.mktickets.mk и karti.com.mk по цена од 400 денари. А од сега и на следниве продажни места во Битола: Тобако „Димпо“ (Нов пазар, кај Гроздот, Ленски мост),Тобако „Бродерс“ (Широк Сокак), и Тобако „Дарија – Тим“ (Шик Лавци). Концертот е во организација на “Сцена продукција”, а со поддршка на Министерството за култура и Казино Адмирал.
