Актерот Слободан Бода Нинковиќ објави дека неговиот бенд од младоста „Ops“ планира конечно да објави албум. Имено на есен во издание на ПГП-РТС ќе излезе албумот „Mala prodavnica delikatesa“.
– „Пред 41 година, бендот се распадна. Пред 42 години победивме на фестивалот за гитара во Зајачар. Како победници требаше да снимаме албум, тоа беше наградата. Сепак, половина од бендот отиде во војска, јас заминав по шест месеци. Се одолговлече. Додека сите вративме, работата згасна.“ – изјави Нинковиќ
Бендот, кој покрај театарските елементи, има „провокативни и духовни стихови“, се собраа повторно пред 11 години кога направија концерт во родниот град Смедерево во чест на починатиот гитарист Драгољуб Тасиќ.
– „Постои урбана легенда дека од рокенрол бендовите од поранешна Југославија ние сме „најдобриот бенд за кој никој не слушнал“. И така ќе влеземе во кампања за рекламирање на албумот. По работата во студиото, изненаден сум колку звучи добро и свежо музиката.“ – додава Нинковиќ.
