Во прв ред

Реља го прослави раѓањето на втората ќерка со концерт во Битола (Видео)

Во организација на ноќниот клуб „Расчекор“ и ноќниот клуб „Clique“, вчера вечер на Ракометното игралиште во Битола свој концерт одржа популарниот српски пејач Реља Поповиќ. И покрај обилните врнежи на почетокот на концертот, сепак имаше рекордна посетеност пред се од помладата публика. Атмосферата пред настапот на Реља ја загреваше DJ Chicko, а се разбира кулуминација на забавата беше појавување на Реља на сцената со хитот „Само јако“. А потоа следуваа „Медуза“, „Марија“, „Ми амор“, „Такви као ја“, „Made in Balkan“, „Offline“ итн., кои бројната тинејџерска публика во еден глас ги пееше со Реља.

Она што ќе остане запаметено е дека Реља стана татко по втор пат на денот на концертот. Имено, откако претходната вечер настапуваше во Виница, на неколку часа пред концертот во Битола беше објавено дека Реља ја доби својата втора ќерка.

„Денес е посебен ден за мене. Мојата љубов Николија денес ми роди ќерка. Ова е еден од најубавите денови во мојот живот и драго ми е дека го делиме заедно“, рече Реља.

По настапот на Реља кој заврши по полноќ, следуваше After Party со DJ Ollie.

Можеби ќе ве интересира: