Британската поп ѕвезда Елтон Џон изјави дека е “среќен што е воопшто жив”, откако лекарите кај него открија тешко воспалување на слепото црево кое секој момент можело да прсне и да предизвика смрт. Пејачот кој за своите големи заслуги за британската поп музика е одликуван со титулата “сер” откри дека на последните дестина концерти на својата голема европска турнеја, настапувал како во агонија.
Елтон Џон вели дека неможел повеќе да ги издржи болките, па побарал лекарска помош. Лекарите утврдија дека тој го ризикувал животот одлагајки да ја утврди причината за болките во стомакот, па наредија интензивно лекување, прво со силни антибиотици, а потоа и со хирушка интервенција. Болеста предизвика тој да ги откаже сите предвидени концерти за оваа и следните неколку недели.
Тој неделава требаше да настапи во Италија и Германија, како на специјален концерт во лондонскиот Хајд Парк .Откажани се и неговите концерти во Шпанија, Франција и во Монако. Елтон Џон изјави дека жали за откажувањето на концертите кои веројатно ќе се одржат во некој друг термин по неговото целосно заздравување. Неговиот менаџер изјави дека Елтон, најверојатно, ќе биде одново подготвен за настап, на почетокот од септември.
Подготви: Александра Блажевска
