Музика на кирилица

Анѓела Јакимовска е новата водителка на „Бекстејџ“

Најгледаниот естраден ТВ магазин кај нас „Бекстејџ“ и во својата тринаесетта сезона тргна со стандардна летна шема во живо. Ова лето Бекстејџ информира од плажите во се поатрактивниот македонски туристички центар Дојран, кој најави богата музичка и концертна сезона запто градот крај  Дојранското езеро токму  ова лето ќе биде центарот на случувањата, како што велат…

Летната шема на Бекстејџ  ја гледаме секој ден од Дојран во 16.15 премиерно и репризно во 22.15 на ТВ Телма. Долгото топло лето дефинитивно е поинтересно со најинтересните
соддржини од зад сцената, но и со еден нов водителски лик во ТВ магазинот, кој покрај стандардниот новинарски тим се јавува и ве води низ случувањата од  Дојранското крајбрежје

Имено, младата и атрактивна убавица Анѓела Јакимовска, кое е новото заштитно лице на најгледаниот магазин. Патем, Анѓела не е непознат лик, зашто јавноста ја познава како манекенка, модел и мисица која гордо ги носин титулите Miss Europe и Miss Globe за 2020 година и Miss Tourism of the world за 2021 година.

 

 

Можеби ќе ве интересира: