Фестивали

Наскоро во Скопје – првото издание на “Коловрт фестивал” (Фото)

“Инспирирани од концептите на Cercle и Time Code, а во недостиг на квалитетни настани во земјава, ја започнавме локалната приказна “Коловрт фестивал” и со голем ентузијазам и пристапивме на оваа навистина специфична операција караван-фестивал со организирање, снимање и емитување на техно журки на локации со голема антрополошка вредност. Нашата цел е да го прикажеме културното наследство низ призма на електронска музика и видео. Секој настан е различен, настаните ќе се емитуваат на дигиталните канали една недела по неговото случување”, велат организаторите на “Коловрт фестивал”.

Како што дознава Музика24, фестивалот започнува за неколку дена поточно на 12-ти август, а локацијата за тоа каде ќе се одржи фестивалот и сите детали околу самиот настан ќе бидат објавени наскоро. Овој фестивал како што велат самите тие, преставува голема гордост за градот Скопје.

Првите артисти кои ќе настапат на овој музички фестивал се техно двојката Soko&Sev од Лондон која досега работеле со големи имиња како Boris Brejcha, ANNA, Anja Schneider, Matador, Oliver Huntemann, Alex Stein, Juliet Fox and BEC. Продуцираат космичко техно. Нивната посебна способност за емоционално наполнети, интроспективни намалувања ги доведе до меѓународен успех, со богати изданија низ најплодните етикети на индустријата, како што се Kraftek, Codex, AnalyticTrail, IAMT, Say What? and SetAbout. Покрај интернационалните изведувачи ќе настапи и нашиот Игор Петковиќ.

Време е за нешто ново, време е за “Коловрт фестивал” велат организаторите, а ние се надеваме и искрено веруваме дека и овој музички настан ќе остане еден од традиционалните музички летни случувања кои во летниот период ќе го забавуваат нашето Скопје.

Можеби ќе ве интересира: