Фестивали

„Рибља чорба“ се главните ѕвезди на овогодинешниот „Јosifovo Summer Fest“ (Фото)

На 27-ми и 28-ми август во Јосифово (Општина Валандово) ќе се одржи манифестацијата „Јosifovo Summer Fest“. Оваа година главна атракција на фестивалската програма ќе биде познатата рок група „Рибља чорба“, која ќе настапи на втората фестивалска вечер.

На програмата првиот ден е солистички концерт на пијанистката Дуња Иванова на тема: „Филмот звучи естетика“. Потоа следуваат Игор Џамбазов со „Гуру Харе“ и Александар Таушанов, Бени & „Нон стоп“, а за крај „ДНК“ со бендот. На втората фестивалска вечер ќе настапат Марко Логаут, Легато, „Рибља чорба“ и „Cyrilic“.

Претходните години на фестивалот настапија познатите пејачки Јелена Розга и Наташа Беквалац.

Подготви: Редакција Музика24

Можеби ќе ве интересира: