Фестивали

После 16 години, Авалон го реобновува фестивалот „Skopje Sounds Good“

После цели 16 години од неговото прво, па и последно одржување, Авалон продукција го реобновува фестивалскиот бренд „Skopje Sounds Good“, овој пат со неверојатно свежа и актуелна комбинација на регионални артисти – бендовите кои го претставуваат најдоброто од алтернативната музичка сцена во регионот: „Buč Kesidi“, „Nipplepeople“, „Funk Shui“ и „Svemirko“.

Фестивалот неслучајно ќе се одржи на 8-ми септември, Денот на независноста на Република Македонија, на стадионот на АРМ, во срцето на Скопје. Интенцијата на „Skopje Sounds Good“  е да го спои најдоброто од Македонија заедно со најдоброто од регионот на независната регионална сцена, славејќи го младешкиот урбан, независен и пркослив дух.

Влезниците по цена од 700 денари ќе бидат пуштени во продажба во четврток, во 09 часот наутро, преку продажната мрежа на Авалон низ земјава и онлајн на avalon.mk. Овој настан ќе биде реализиран според протколите кои ќе бидат актуелни за време на одржувањето на настанот, a одобрени од Министерството за здравство, за организација на јавни настани на отворено.

Можеби ќе ве интересира: