Пејачката Џенифер Лопез престана да го следи својот поранешен партнер Алекс Родригез од Инстаграм. Покрај тоа, таа ги избришала и сите фотографии со него што некогаш ги објавила. Алекс, пак, се уште ја следи својата поранешна вереница на Инстаграм и ги чува фотографиите со неа.
Двојката објавила дека раскинуваат на почетокот на годината, откако била објавена приказната за неговата наводна афера. Џенифер тогаш објаснуваше дека трета страна не е причината за нивното раскинување.
Џенифер сега ужива во љубовта со актерот Бен Афлек, со кого била и пред скоро 20 години. Таа неодамна ја објави својата прва фотографија со Бен, со што потврди дека ја обновиле својата љубовна врска.
Подготви: Марија Поповска
