По неколку годишна музичка пауза и апстиненција од македонската музичка сцена, Ѓорѓи Крстевски македонскиот пејач кој жареше и палеше со неговите хитови пред три-четири години, повторно се враќа и тоа овој пат со нова летна диманична и разиграна песна и видео кое слободно може да кажеме дека токму прилега за овој период од годината.
Како што дознава Музика24, песната е комплетно дело на Ѓорѓи, додека за прекрасното видео се погрижи познатиот режисер од Охрид Даниел Јовески.
“Ме немаше за тоа што почуствував заситеност, едноставно ми требаше време за полнење батерии. Но, иако ме немаше пред екраните и во етерот со нешто ново, во моето студио постојано се раѓаше некоја нова песна, текст или аранжман. Врската и взаемната љубов со публиката никогаш не почуствував дека е ставена во прашање”, изјави Ѓорѓи пред новинарите.
Во продолжение погледнете го видеото и искоментирајте на нашиот портал или фејсбук фан страна, како и дали воопшто ви се допаѓа.
https://www.youtube.com/watch?v=qLE67A4W75U
Подготви: Катерина Митровска
