Фестивали

Фестивалот „Битола отворен град“ одложен за недела

Поради трагичните случувања во Тетово и прогласената тридневна жалост на територијата на целата држава, настаните кои беа најавени во рамките на Битола отворен град, ќе се реализираат во недела на 12-ти септември 2021 година во археолошкиот локалитет Хераклеја Линкестис со почеток во 20.00 часот.

На концертот ќе настапат Stereo Banana, Love Itoya и Кирил Џајковски. Сите оние кои имаат подигнато влезници за настаните во петок и сабота, можат истите да ги искористат за настанот во недела. Сите оние кои се имаат регистрирано за влезници, може да ги подигнат истите во регистрираните термини. Исто така отворен е и нов нов линк за регистрација за влезници.

Можеби ќе ве интересира: