Фестивали

„Охрид фест“ ќе се одржи, но без публика и доделување награди

„Охрид фест“ кој требаше да се одржи на 10-ти и 11-ти септември ќе се одржи и покрај деновите на жалост, но само за да се снима. Снимањето ќе биде без присуство на публика, без новинари и без доделување награди. Ќе се искористи само сцената на Долни Сарај, нема да има озвучување, а по договор со МРТ, ќе се емитува по деновите на жалост.

“Ова е единствено решение во овие тажни денови, бидејќи изведувачите од целиот Балкан се пристигнати”, велат организаторите. Советот на фестивалот „Охрид фест 2021“ упатува најдлабоко сочувство до семејствата на починатите по трагедијата во Тетово.

Можеби ќе ве интересира: