Музика на кирилица

Каролина со акустичен концерт во Битола

Конечно, Каролина Гочева за прв пат пред своите сограѓани – битолчани ќе одржи акустичен концерт кој што ќе се случува на отворено односно во Хераклеја на 28-ми јули со почеток во 21 часот. Влезниците за овој концерт чинат 200 денари и истите се веќе пуштени во продажба. Битолчани истите можат да ги набават во музичките продавници: “Loudnes”, “Energy” и кафе барот “Симбол”.

Инаку, Каролина својот прв акустичен концерт во нејзината кариера го одржа во Универзалната сала во Скопје на 22-ри декември минатата 2012-та година.

Подготви: Виолета Трајкоска

Можеби ќе ве интересира: