Филмската ѕвезда Дајан Китон глуми во новиот спот за песната „Ghost“ на поп-ѕвездата Џастин Бибер. Имено Бибер игра улога на внук, а Китон е негова баба. По смртта на неговиот дедо, пејачот повторно се поврзува со својата баба, оди на долги прошетки со неа по плажата Вентура, ги ажурира нејзините профили за состаноци и ја носи на коктели и танцување.
Китон вели дека уживала во пофлуидниот пристап кон актерството за нејзиниот прв музички спот.
“Ме повика и јас му реков: Да, се разбира. Мислам дека песната е прекрасна. Во споредба со меморирањето реплики за игран филм, ова беше чиста забава. Цел живот, јас бев актерка и имав реплики, понекогаш морав малку да ги олабавам, но ова беше сосема лабаво и опуштено. Никој никогаш не ми рече ништо да направам, што го направи процесот толку забавен”, вели Китон за „Вог“.






