Музика на кирилица

Пејачката Елена Ристеска открива: Тоше чувствуваше дека нешто ќе се случи таа вечер

Тоше Проески својот живот го загуби на 26 години, онаа кобна ноќ кога заедно со својата екипа замина во Хрватска по повод гостување на хрватските телевизии и снимање на видео спот за песната “Игри без граници”. За жал. ништо од тоа не се случи. Утрото на 16-ти октомври 2007-та година веста дека Тоше загина во сообраќајна несреќа го потресе цел Балкан, а многумина ниту денес, после 14 години, не можат да се помират со огромната загуба, со реалноста.

Секоја година пред и на 16-ти октомври, речиси сите музички познати имиња од Македонија и Балканот со емотивни пораки, статуси го одбележуваат овој ден и му оддаваат почит и ја искажуваат својата голема тага.  Малкумина знаат дека една од последните личности со која што Тоше разговарал таа вечер била и Елена Ристеска, познатата македонска поп пејачка. Таа во разговор и интервју за македонските медиуми открива детали околу таа вечер и разговорот со нашата музичка легенда.

“Се сакавме меѓусебно. Секогаш разговаравме за се, дури ми се јавуваше и од Австралија. Исто така разговаравме таа кобна ноќ пред да оди за Хрватска, а јас уште тврдам дека како да чуствуваше дека ќе се случи нешто лошо. На крајот од разговорот ми кажа дека ќе се видиме за неколку дена, но длабко воздивна и кажа: Ако Бог дозволи”, раскажала Елена и додала:

“Во тој момент не ми беше чудно, се до утрото кога се разбудив и дознав дека загинал. Кога мајка ми со неверување ми кажа дека се случила сообраќајната несреќа, знаев дека тоа е вистина”, изјавила Елена.

Можеби ќе ве интересира: