“14 години без тебе и пак врне… се сетив на оваа приказна кога се договаравме што би можеле да отпеете… се врати од Сараево (имаше магла па одложувавме снимање) ама сакаше клавир и донесовме… во оваа емисија највеќе пееше… мене ми е особено драга оваа изведба од милион тајни причини како да беше вчера те сакам до небото и назад”, напиша Весна Петрушевска на својот Фејсбук профил.
Вечерта пред кобната несреќа, Тоше гостуваше во емисијата “Вртелешка” која се снимаше за да биде емитувана дополнително. Кој да знае дека тоа ќе беше неговото последно појавување, неговото последно интервју…

