Вчера вечер во Музејот на македонската борба свечено беше отворен фестивалот “Златна лира” со концерт посветен на руските романси „Руска бајка“, на кој настапија Билјана Камчева – сопран и Елена Сиљаноска – пијано.
Сојузот на музичките уметници на Македонија (СМУМ) кој што е и организатор на Фестивалот на камерна музика „Златна лира“ секоја година го организира во месец октомври, и годинава истиот ќе трае од 16-ти до 30-ти октомври. А што се ќе имате можност да погледнете и слушнете за време на неговото времетраење, погледнете ја целосната програма во продолжение:

