Имам нешто да те прашам

Ексклузивно интервју на Музика24: 2Cellos на “Пивофест 2013”

Во вчерашната прес-конференција која се одржа по настапот на светски познатите виончелисти 2Cellos, по колегите од Македонската телевизија, Музика24 беше единствениот интернет медиум кој што имаше можност да направи ексклузивно интервју со ѕвездите на првата фестивалска вечер на “Пивофест” – 2Cellos.

Музика24: Минатата година македонската публика за прв пат Ве запозна на “Охридско лето” на Вашиот настап. Ова е втор пат како Ве гледаме во Македонија и тоа на “Пивофест”. Ќе имаме ли можност да Ве видиме по трет пат во Македонија со голем музички концерт?

2Cellos: Да, секако… Тоа би било навистина убаво да се направи. Слушнавме дека имате одлична публика.

Музика24: Досега имете преработено-отсврено голем број на познати светски композиции, меѓукои можеме да ги споменеме Ријана, Адел… Кажете ми, сте размислувале ли досега да отсвирите некоја позната македонска песна, во Ваш стил?

2Cellos: Да, сме размислувале и на тоа… “Јовано, Јованке” сигурно одлично би звучело да се отсвири на виолончело, “Македонско девојче”, “Зајди, зајди”…

Музика24: Доаѓате од Хрватска, од она до сега што го имате видено во Македонија, како Ви се допаѓа нашата земја, односно градот Прилеп?

2Cellos: Храната тука е најдобра… храната, девојките, градот… се е супер!

Музика24: Некогаш најголеми ривали, а денес најголеми пријатели и соработници – што е тајната која што Ве спои и што го создаде она што го имаме денес како 2Cellos?

2Cellos: Сега повеќе не сме ривали. Тоа е некоја посебна хемија помеѓу нас, хемија, интуиција… Но, секогаш помеѓу нас постои натпревар кој што се создава.

Музика24: Досега имате настапено со многу светски и познати ѕвезди како што се Elton John и Red Hot Chili Peppers. Кој е следен на ред, со кого би сакале и имате план да настапите во иднина?

2Cellos: Не планираме ништо сега засега. Ако биде нешто во иднина, супер. Многу е драго и… убаво е да се соработува со големите уметници.

Музика24: Според некоја информација до која дојдовме, годишно имате околу 200 концерти, искрено, водите ли некаква евиденција за она каде се имате настапено и секако каде досега Ви било најубаво и најдобро, каде досега без размислување би се вратиле и повторно би настапиле?

2Cellos: Тешко е да се изброи. Имаме преку 150 летови во текот на една година. Концертите кои што ги имаме со Elton John, оние во меѓувреме кои што ги имаме сами… По цел свет, сите континенти. Инаку секаде каде што има добра, одлична публика е супер да се настапи, супер е секаде.

Интервјуто го подготви: Иван Јосимовски

Фото: Кристина Патоска

Можеби ќе ве интересира: