World Music

„Битлси“ пристигнаа на Tik Tok

Веројатно најпопуларната рок група на сите времиња, „Битлси“, пристигнаа на TikTok со официјален канал. Засега на профилот има шест кратки видеа, а за корисниците се достапни 36 хитови на бендот врз основа на кои ќе можат да создаваат кореографирани танцови. Иако можеби за некои може да се чини чудно што бара музиката на стар бенд како „Битлси“ на платформа која е најпопуларна меѓу припадници на младата Генерација „Z“, вистината е дека музиката на „Битлси“ е безвременска и дека одлично би се вклопила на TikTok. Од друга страна пак, оној кој ги држи правата на музиката на „Битлси“ сигурно не сака да ја испушти бизнис можноста што ја нуди големата публика на TikTok.

Всушност, социјалната мрежа минатиот месец објави дека ја надминала бројката на една милијарда активни корисници на месечно ниво, а со оглед на претходните искуства со други помалку познати изведувачи чии песни прераснаа во вистински хитови на TikTok, не би било изненадувачки доколку платформата успее да предизвика нов „Битлси ревајвал“ во годините што следуваат.

Можеби ќе ве интересира: