Претходно овој месец објавивме дека децата од многу популарната емисија „Дајте Музика“ се избрани од МРТ да ја претставуваат Република Македонија на Детската Евровизија.
Денес, Македонската радио телевизија откри кои точно членови ќе ја претставуваат земјата во Франција, а тоа ќе бидат четири: две девојчиња (Кристина и Анастасија) и две момчиња (Миха и Филип). И тоа не се сите новости што ги имаа, тие го открија и името на песната што ќе ја пеат. Таа ќе се вика „Green forces“.
За да ја слушнете песната, ќе треба да почекате уште малку, но дополнителни информации се ветени дека ќе следат наскоро.
