World Music

„Swedish House Mafia“ после деценија пауза заминуваат на светска турнеја (Фото)

Аксвел, Стив Анџело и Себастијан Ингросо се подготвени за нови предизвици. Во летото 2022 година, обединети во „Swedish House Mafia“ ќе ја започнат својата прва турнеја по пауза од една деценија.

Првиот од 46-те концерт е закажан за април на фестивалот „Коачела“. Турнејата продолжува кон крајот на јули од Мајами, а според досега објавените датуми завршува во Европа кон средината на ноември. Шведското електронско трио ќе настапува во арените низ Америка и Канада до средината на септември. Аксвел, Стив Анџело и Себастијан Ингросо потоа ќе тргнат на британско-европска турнеја.

Можеби ќе ве интересира: