Балканленд

Пивофест: Вчера Инна ја загреа публиката, а вечерва ќе се пее “Мијатцка” (Фото)

Помина и втората вечер од “Пивофест”, а зад себе остави многу забава, многу испиено пиво, изедена скара и познати музички имиња кои зачекорија на сцената на овогодинешното единаесето пиво фест издание. Но да почнеме од почеток, како и секој ден, па така и вчерашниот, втор од ова пиво лудило, прилепските улици уште од наутро замирисуваат на прилепска скара, се точат првите пива, почнуваат гласните трубачи на сите страни и се е некако во стилот на пивото…

Музичката програма и не започнува само откако ќе се појават музичките ѕвезди на сцената, туку тука некоја интересна традиција е пред “Пивофест” да се појде до некое кафуле каде што секако има место (иако такви и ретко има последниве неколку дена) и да се испие пиво со друштвото, а потоа сите на Пивофест. Нема кафуле кое што нема одлично озвучување, барем ние додека сме тука од Музика24 не забележавме да нема место, а да нема пуштено гласна музика. На улиците кловнови ги анимираат децата, насекаде млади и стари го пијат првото, второто или… кој знае по ред кое пиво. Нема простор, нема место да се размине улицата каде што едни одат лево, едни пак десно… а сите се дојдени со една единствена цел, да си поминат преубаво.

И штандовите од неколкуте пиварници кои ги имаат изложено своите пива на точење се преполни, секако, доколку имате однапред резервација нема да имате проблем за да влезете и целокупната музичка програма да ја следите ем од високо ем со ладно пиво врака. Вчерашниот ден помина во знакот на големата музичка ѕвезда Инна која рака на срце сите ги остави без зборови. Кој би рекол дека на денс музика може да се пие пиво и се да Ви биде ок 🙂 Иако најавени француската група која требаше да биде дел од овој пивски фестивал не дојде, причините сеуште не ги знаеме, но затоа на нивно место дојде нашата поп дива Калиопи која веднаш по Давид Нешкоско Трио се појави на сцената и започна со своите добро познати хитови, некогашни и сегашни, доволно за публиката која оваа вечер беше во огромен број да се расположи и запее.

Веднаш по неа на сцената се појави познатиот српски, а слободно би рекле и балкански пејач познат по одличните балади Владо Горгиев. Иако со мали здравствени проблеми тој сепак излезе на сцената и си ја заврши својата работа, ги испеа своите најголеми хитови и ја загреа публиката токму за она што следеше, она што беше следно… светски познатата романска пејачка Инна. Искрено на почетокот од нејзиниот настап и не очекувавме нешто посебно, но потоа и ние се расположивме на нејзината музика и едноставно уживавме. Имавме подготвено прашања и за Владо Горгиев и за Инна, но поради тоа што и двајцата мораа да патуваат и беа изморени од настапот, прес конференција немаше и за жал не бевме во можност да ви ги пренесеме нивните впечатоци од Прилеп, Пиво фестот и воопшто од она како се чувствуваат тука во Македонија на еден ваков голем музички настан. И по настапот на Инна кој траеше до 1.30 по полноќ, забавата продолжи по кафулињата и на местата кои беа на отворено со ди-џеи и девојки кои играа на шипки.

Владо Горгиев на Пиво фест 2013Вечерва е трета и претпоследна фестивалска вечер каде се очекува да присуствуваат можеби пет пати повеќе од минатата, знаејќи дека сме веќе викенд, а како дополнителна информација е тоа што вечерва е фолк вечерта и на сцената прво ќе го видиме нашиот познат фолкер Миле Кузмановски со кој што ќе се стартува третата пиво вечер, потоа Соња Тарчуловска, Данијела Мартиновиќ иако е поп ѕвезда која доаѓа од Хрватска таа сепак е како мал искучок во целата оваа приказна и како шлаг на вечерта, главна ѕвезда е Халид Бешлиќ кој ќе пее последен и кој веруваме дека ќе направи вистинско лудило. Доколку сте на ум да бидете дел од оваа вечер на Пивофест не е доцна, облекувајте се и поаѓајте бидејќи вечерва ќе биде она вистинското.

Подготви: Иван Јосимовски

Можеби ќе ве интересира: