По големиот успех на „Боемска рапсодија“ за „Queen” и „Рокетмен“ за Елтон Џон, британскиот њу вејв бенд „Duran Duran“ преговара за снимање биографски филм за нивната извонредна кариера. А членовите на бендот Сајмон Ле Бон, Ник Роудс, Џон и Роџер Тејлор се вклучени во преговорите.
“Тоа е нешто што е предмет на дискусија. Се разговара за тоа и имавме изнесени различни сценарија и идеи. Сè уште не сме се одлучиле за вистинската. Но, има работи во развој, па ќе видиме каде ќе одат. Би сакале да направиме нешто како тоа и мислам дека нешто ќе се случи во следните неколку години. Би сакал навистина добар холивудски актер да ме игра. Тоа би требало да биде некој кој е на прагот на нивната кариера, кој го има вистинскиот изглед и вистинската енергија”, вели Роџер.
Филмот ќе го следи формирањето на групата во доцните 70-ти и нивниот успех во текот на следната деценија. Исто така, ќе го документира повторното обединување на најуспешната постава на бендот во 2001 година.
