Во прв ред

Во сабота голема летна забава “Miami Jungle” во Аква Парк – Пробиштип

По одлично организираниот “Пивофест” продолжуваат забавите кои ова лето се случуваат низ градовите во Македонија, а секако Музика24 е медимски покровител на истите. Нешто најново што е скоро најавено е големата летна забава во Аква Паркот во Пробиштип насловена “Miami Jungle” која што ќе се случува на 27-ми овој месец односно за пет дена одсега. Организаторите ви најавуваат видео визуализации, вонредно Light Show, чоколадни девојки, атрактивни танчерки, настап на познати DJ артисти како и три специјални музички гости (нивниот идентитет го оставаме како специјално изненадување).

А како DJ кои ќе настапат на вечерта ќе ги споменеме: Franko Domenik, Nenad Kaevik, Leffix, Peter Sun, Gosh, Iwayo… тоа се дел од познатите DJ артисти кои се најавени за оваа голема летна забава. Како што велат и самите организатори, зграпчете ја летната еуфорија и секако бидете дел од журката која долго време нема да ја заборавите. За првите 150 купени билети следуваат гратис CD mix од сите учесници, а за првите 200 кои први ќе пристигнат во Аква Паркот на “Miami Jungle” журката, ќе бидат дегустатори на благи, слатки и убави нешта кој за оваа прилика ќе ги подготви “Европа”.

Значи не заборавајте, 27-ми јули сабота, Аква Парк Пробиштип, влезниците се 150 денари или во претпродажба 100 денари… дозволете си уште една совршено убава летна вечер, ние ќе бидеме таму, а Вие?!

Подготви: Марија Поповска

Можеби ќе ве интересира: