Балканленд

Спектакуларно заврши “Пивофест”

Со голем огномет и настап на мега популарниот Горан Бреговиќ, заврши единесетото издание на фестивалот на пивото “Пивофест”. Изминаа четири дена исполнети со многу забава, журки, настапи, музика, скара, пиво, познати музички имиња… и сето тоа само за посетителите и присутните во градот домаќин – Прилеп. Официјалните информаци за тоа колку вкупно скара се има изедено за овие четири дена и колку пиво се има испиено ќе ви ги презентираме во текот на наредните денови.

Овогодишниот “Пивофест” ќе биде запаметен во одличната организација од страна на општината Прилеп, по тоа кој се ѕвезди стапнаа и имаа свој мини концерт на фестивалската сцена, гужвата низ тесните прилепски улички и податокот дека од каде и да одиш пак вцентар че дојш, по гостопримливоста на прилепчани и секако по одличната музичка програма која се надеваме и веруваме дека на следното дванаесето “Пивофест” издание ќе биде побогата и со уште попознати светски и балкански имиња.

Ние од Музика24, јавно им се заблагодаруваме на организаторите општина Прилеп, на Марија, Кате, а потоа и на Елизабета, Александра, Билјана… и сите оние кои што беа со нас, ни помагаа и се дружеа за сите изминати четири фестивалски дена. Музика24 и понатаму останува во соработка со “Пивофест” и се разбира со сите добро намерници од овој град. Во текот на наредните денови ќе имате можност да ја погледнете нашата галерија односно сето она што објективот на Музика24 го фотографираше.

Редакција на Музика24

Можеби ќе ве интересира: