Имам нешто да те прашам

Пивофест 2013: Ексклузивно интервју со Халид Бешлиќ (Фото)

Иако фестивалот на пивото во градот под Марковите кули вчера вечер заврши, екипата на Музика24 она што го вети го исполнува, имено, за време на трета фестивалска пиво вечер имавме можност да поразговараме со легендата на балканската фолк музика, мега популарниот фолк пејач Халид Бешлиќ кој даде ексклузивно интервју за музичкиот портал Музика24.

Во продолжение прочитајте што тој пред неговиот настап кажа пред нашиот новинар.

Музика24: Кажете ни како Ви се допаѓа Македонија, Прилеп?

Халид Бешлиќ: Па добро е, одлично е…

Музика24: Дали досега сте настапувале во Македонија, дали можеби ова е прв Ваш голем настап?

Халид Бешлиќ: Не, досега јас многу имам доаѓано во Македонија…

Музика24: А дали е можеби ова прв пат да настапите пред толку голем број на публика во Македонија, односно да имате вака голем концерт пред Вашите фанови и обожаватели?

Халид Бешлиќ: Во Македонија не сум бил последниве 20 години со голем концерт. Ги имам посетувано Вашите градови, а пред неколку години кога се снимаше филмот “Караула” бев во Охрид, но тогаш немав настап, не пеев.

Халид Бешлиќ на настап на "Пиво фест 2013"Музика24: Дали Вашата публиката која е во голем број во тука во Македонија ќе ја почестите со еден голем концерт во Скопје?

Халид Бешлиќ: Преговараме… тоа е веќе во разговор.

Музика24: Како би ја поздравиле македонската публика?

Халид Бешлиќ: Македонската публика е одлична публика, исто како и босанската, секогаш знае и може да го препознае квалитетот.

Интервуто го подготви: Иван Јосимовски

Можеби ќе ве интересира: