Во сабота, на втората и третата плажа на Summer Beach Club Gradishte, по петти пат ќе се одржи традиционалниот “Love&Happiness Festival”. На големо задоволство на сите љубители на електронската музика, светски реномираниот Кирил Џајковски ја затвора својата турнеја токму на Градиште (2-ра плажа), а неговиот настап ќе биде дополнет со незаборавните вокали во живо и, секако, неговиот оркестар. На третата плажа на Градиште (Jungle Beach, Gradishte) атмосфера ќе биде дополнета со настапот во живо на транс легендата Cosmosis, проследен со настапите на Аrchaic, Imaginary Sight и Galactic Explorers.
На фестивалот свои DJ-сетовите ќе имаат и Babura, Bobi, Branchez, Djantrix, Kox, Albiorix, кои се само уште еден гарант дека ве очекува луда и незаборавна ноќ. Картите за “Love&Happiness Festival” може да се купат во претпродажба по цена од 400 денари во мрежата на mktickets, Југотон ГТЦ, салоните на One и Office Plus, како и на врата, по цена од 500 денари.
Подготви: Редакција Музика24
