Магазин

Хитовите на Тоше се пејат дури и во Кина (Видео)

Деновиве се актуелни видеа од момче кое на улиците во Кина пее позната песна од нашиот Тоше Проески. На видеата кои експресно се шират и споделуваат, младиот музичар ја пее песната „Још увјек сањам да смо заједно“

На инстаграм профилот музичарот е потпишан како Wang_xiao_chong и навистина плени со својот глас. Тој среде плоштадот на Пекинг ја испеа и „Чија си“ познатата песна на Тоше со која тој настапи на Беовизија.
Коментарите под видеата се преполни со поддршка и срциња од македонските и балканските фанови на Тоше.

Подготви: Александра Блажевска

Видео: Инстаграм

Можеби ќе ве интересира: