Во прв ред

Аца Лукас со голем предновогодишен концерт во Скопје (Фото)

Сите знаеме дека подолг временски период трае пандемијата и короната и се она што на овој или оној начин направи или сеуште прави да се чувствуваме стегнато, премногу внимателно или пак исплашено, а има нели и зошто. Но веруваме дека се ќе биде океј.

Предновогодишно, на 29-ти декември во Скопје во познатата А1 арена, фолк пејачот и од неодамна тв водител кој е баран насекаде на Балканот, препознатливиот фолкер Аца Лукас, најавува голем концерт во Скопје.

Големите хитови кои може само на радио и тв станиците да ги слушнеме, песните кои се вртат и кои имаат милионски прегледи на YouTube, конечно ќе можете и во живо и токму од него да ги слушнете како предновогодишно загревање на најлудата ноќ.

Не заборавајте, 29-ти декември, А1 арена, голем предновогодишен концерт на фолк пејачот за кои секогаш се бара карта повеќе, Аца Лукас.

Подготви: Марија Поповска

Можеби ќе ве интересира: