Во последната 13-та емисија од “Срце на дланка” која што се емитува на националната тв Алфа, беше прикажан тешкиот и мачен живот на едно семејство во кое што мајката е најголема жртва, односно, прави се за двајцата сина кои за жал се болни и немоќни да работат и заработуваат за да живеат и функционираат нормално.
Билјана Блажевска, мајката, во емисијата објаснува како и на кој начин го живеат секојдневието, како секој ден се борат за парче леб и за барем некое дрвце да имат да се згреат и во овие ладни и минусни температурни денови да се стоплат. Тешкиот и мачен живот започнува откако нејзиниот сопруг починал, а откако се разболува нејзиниот постар син тој по извесно време и ослепува. Помалиот син добива тешки срцеви опструкции, а како капак на се тие во истата година ја губат и куќата во која живееле, се родиле и израснале.
По објавата на социјалните мрeжи за тешкиот и мачен живот на ова семејство, во текот на денешниот ден познатото македонско дуо “ДНК” се упати во посета на ова семејство. И тие, исто како и музичкиот портал Музика24 апелираат да се помогне и кој колку може и со што може да помогне и барем за момент ова тажно семејство да биде среќно, бидејќи, секој сака убаво и достоинствено да ги дочека и помине новогодишните и божиќни празници. Па ајде, да го направиме тоа. Кој друг ако не ние! Да ја активираме македонската музичка естрада и да помогнеме токму кога е најпотребно.

Секој кој може со храна, секојдневни основни намирници, дрва за греење… секој, буквално секој кој што може нека им помогне, никој не заслужува овој живот да го живее толку тешко и мачно, бидејќи никој на никого нема ништо згрешено. Доколку сакате можете да донирате и финансиски средства на следната жиро сметка:

Во продолжение, ви предлагаме да ја погледнете емисија и во целост да ја ислушате целата животна приказна на ова семејство, раскажана во солзи од мајката, Билјана Блажевска.
