Во прв ред

Петок се отвара INclusive диско: Следува одлична програма за празниците

Овој петок (24.12) ноќниот живот во Охрид добива нова димензија со отворањето на INclusive диско. За забавата на отворањето е задолжен Johnny Live, а тоа ќе биде само увертира за она што следува.

INclusive диско е ново урбано место, за кое веруваме дека ќе биде освежување во ноќниот живот на градот и околината. Посетителите освен во добар пијалак ќе имаат прилика да уживаат во настапите на најпознатите македонски и балкански музички ѕвезди. Веднаш после отворањето, на 25-ти декември во INclusive гостува популарниот хитмејкер Влатко Лозаноски. Тој освен своите добро познати нумери ќе отпее и познати песни на Здравко Чолиќ, Дино Мерлин и Саша Ковачевиќ.

Новогодишната ноќ ќе се слави со Mike Ride од Белград и охридскиот DJ Face. Новата година во INclusive диско почнува спектуларно. За “првата реприза“ на 1-ви јануари се закажани познатите Амадеус бенд од Србија

Како што кажува и нивното име, INclusive disco ќе понуди се што се очекува од еден современ ноќен клуб. Менаџерскиот тим има долгогодишно искуство што гарантира незаборавни журки и се разбира удобност и безбедност, со беспрекорна услуга.

Влезници за сите забави се веќе во предпродажба во Corner Bistro. Листата на изведувачи не завршува со Амадеус бенд, веќе до средината на првиот месец од 2022 година ќе гостуваат уште познати изведувачи од регионот. Имињата се чуваат во тајност, а за да биде во тек со сите журки кои следуваат задолжително ставате допаѓање на нивната Facebook страница.

Можеби ќе ве интересира: