Во прв ред

„Виена во Битола“ на 29-ти декември во Центар за култура

Камерниот оркестар на Битола подготувува новогодишната бајка „Виена во Битола“. На програмата на концертот се најубавите валцери, полки и арии од Штраус, Шостакович, Верди, Лехар и други.
Настапуваат: Благој Нацоски (тенор), Биљана Јосифов (сопран), Примабалерината Мими Поп-Алексова, дел од ансамблот на Македонската опера и балет: Саша Ефтимова, Христина Накевска, Марина Анастасовска, Миро Митрашиновиќ, Агим Бафтии, Ендру Кук.

Влезниците по цена од 350 денари можат да се набават на билетарата на Центарот за култура Битола од понеделник 27-ми декември од 15 до 20 часот.

Можеби ќе ве интересира: